Македонија Новости Став Топ Вести

Ќе го потпише ли Пендаровски законот за државно рекламирање во медиуми?

Собранието по скратена постапка вчера ги усвои измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои се предвидува повторно воведување на државно рекламирање во земјата.

За законските измени гласаа пратениците и од власта и од опозицијата.

СДСМ го критикуваа рекламирањето на владините кампањи во медиумите за време на Груевски и во 2017 година беше укинато, како нивно предизборно ветување.

Медиумските здруженија сметаат дека воведувањето на джавното рекламирање во приватните медиуми значи враќање на клиентелистичките и коруптивни практики од минатото, со исклучително штетни последици за независноста на медиумите и пошироко за слободата на изразување.

Медиумските здруженија кои се против враќањето на владините кампањи во медиумите и кои предупредуваат на штетните ефекти од сето тоа, ја алармираа ЕУ и бараат од претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува законот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *