Македонија Новости Топ Вести

Распишана меѓународна потерница по убиецот Љупчо Палевски

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски.

„Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, објавено е на веб страницата на МВР.

Првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо се уште е во бегство, а се смета дека тој пукал и во девојчето Вања, но и во 74-годишниот Панче Жежовски, кој бил прв убиен.Целта на киднапирањето била од користољубие, поточно главна цел била мајката Зорица, од која требало да се изнудат пари.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *