Свет Топ Вести

Можно одложување на кандидатурата на Шведска во НАТО

Сојузниците во НАТО ги забрзаа напорите да ја убедат Турција да го прекине своето противење на влегувањето на Шведска во Северноатлантскиот воен блок, но не е јасно дали ќе имаат успех пред самитот во јули во Литванија, изјавил во средата за Reuters запададен функционер.

Шведска и Финска по децениската декларирана воена неутралност но со одржување тесна воена соработка и редовни воени маневри со земјите членки на НАТО во мај минатата година со изговор од руската инвазија во Украина изразија желба да станат членки на воениот блок. Барањето за членство мора да го одобрат сите членки, Финска по извесно блокирање од страна на Анкара сепак стана се приклучи на Алијансата, но Турција и Унгарија и натаму откажуваат да го ратификуваат приемот на Шведска.

Главен приоритет на Соединетите држави, како водечка сила во НАТО следена од другите членки, беше приемот на Шведска во блокот на самитот од 10-ти до 11-ти јули во Вилнус.

Последните денови бројни функционери ид земјите во НАТО дејствува во обидите да добијат одобрување од Анкара, рекол за Reuters западен функционер кој сакал да остане анонимен поради чувствителноста на прашањето.

Турција го ратификуваше пристапувањето на Финска во НАТО кон крајот на март, но продолжи со обвинувањата за Шведска дека им дава политички азил на лица по кои трага Анкара поради терористички активности и припадност на терористички организаци.

Западниот дипломет рекол дека НАТО сојузниците „активно соработувале со Турција и ја заговарале шведската пријава во Алијансата, но дека не е јасно дали Анкара тоа ќе го одобри пред самитот во Вилнуст, како и дека тоа прашање би можело да се одложи по состанокот на вровт во јули.

Во средата советникот на Белата куќа за национална безбедност Џејк Саливан разговарал со Акиф Чагатај Килич портпролот и главниот советник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, а меѓу темите на разговите била и кандидатурата на Шведска во НАТО.

„Господинот Саливан го истакна ставот на Соединетите држави дека Шведска би требало да стане членка на НАТО што е поскоро можно“, објави Белата куќа.

Ердоган, исто така, имал телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти турското претседателство, во текот на кој се дискутирало за развојот на ситуацијата во Русија и кандидатурата на Шведска за НАТО. Ердоган речи дека Шведска преземала чекори во вистинска смисла, мислејќи на новиот закон за тероизам во земјата, кој инаку остро го критикуваа одредени шведски партии и организации за заштита на човековите права.

Меѓутоа, Ердоган нагласил дека приврзаниците на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), која е препознаена како терористичка организација освен во Труција и во земји од ЕУ и во САД, продолжуваат да организраат антитурски протести и да ги финансираат терористичките групи, што е „неприфатливо“ за Анкара.

Во средата откако шведските судови пресудија дека незаконски е полициското одбивање да го дозволат собирот на кој беше најавено палење на светата муслиманска книга Куранот пред главната џамија во Стокхолм, и тоа на првиот ден од големиот муслимански празник Курбан бајрам, таквиот чин се случи. Сличен случај од јануари годинава, исто така во Стокхолм, беше причина Турција порешително да го блокира шведскиот прием во НАТО.

Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон изјави дека не сака да шпекулира како одобрениот протест може да влијае на процесот на влез на Шведска во НАТО.

„Тоа е легално, но не е примерно. Верувам дека живееме во време кога е неопходно да се остане смирен и да се размислува за тоа што е најдобро за долгорочните интереси на Шведска“, посочи Кристерсон.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *