Македонија Новости Став Топ Вести

Левица: Национализација и модернизација на Еуроникел индустри

Реакција на Левица – денешна Еуроникел Индустри во нивниот апел за заштита и спас на гигантот кој ја изгради Македонија и кој минатите децении беше значаен фактор за одржување на платниот биланс на РМ, и покрај тоа што поради алчноста, раководните лица, а и корумпираноста на надлежните институции, не поставуваа соодветни филтри и го загадуваше Кавадаречкиот регион.

Ја повикуваме владата да донесе одлука за преземање на управувањето на компанијата додека да се утврдат причините кои довеле до оваа состојба, да се процесираат потенцијалните криминални дејствија и да се национализира и модернизира оваа наша гордост и со тоа ќе се одбегне опасноста од стечајна постапка која од досегашната пракса е сигурен рецепт за економско-социјална криза од значајни размери.

Левица апелира да се искористи можноста да се национализира компанијата која е во опасност да биде ликвидирана, а која е во една од најпрофитабилните индустрии и со чесна раководна структура може само да и носи добивка на државата и народот.

Вработените и нивните семејства можат да сметаат на нашата поддршка и доколку имаат било какви податоци кои сакаат да ни ги пренесат или имаат идеја како конкретно можеме да помогнеме во институциите, да не контактираат затоа што Левица, како работничка партија, знае дека само заедно можеме да победиме.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *