Македонија Новости Став Топ Вести

Измените на „законот за градоначалниците“ на стенд-бај, сè нема поддршка од опозицијата

Мариела Трајковска

Иако се најавуваше усвојување на измените на Законот по формирањето на владиниот кабинет, и половина месец оттогаш власта тврди дека чека одговор на предлогот, а опозицијата – дека не добила предлог за измени на Законот за локална самоуправа.

Предлогот на власта општините да не одат на избори ако градоначалниците станат пратеници и министри откако истуркале половина градоначалнички мандат, а со локалните самоуправи да раководат вршители на должност градоначалници, заглави во Собранието. Власта чека повратен одговор од опозициските ДУИ и СДСМ за предлогот, а опозицијата тврди дека не добила предлог за измени на Законот за локална самоуправа.

Дилемата е дали власта е поблиску до избори за градоначалници во општините Аеродром, Гостивар и во Сарај, откако Тимчо Муцунски и Арбен Таравари станаа министри за надворешни работи и за здравство, а Блерим Беџети стана пратеник. За измена на законот е потребно двотретинско и Бадентерово мнозинство, што без ДУИ е невозможно.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *