Македонија Новости Став Топ Вести

Железничкиот Коридор 10 меѓу Белград и Скопје приоритет во односите меѓу Србија и Македонија

Српскиот премиер Милош Вучевиќ синоќа во Белград ја прими и водеше разговори со македонската делегација предводена од заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

На средбата е разговарано за политичката и економската соработка меѓу двете држави, а теми биле и Отворен Балкан и железничкото поврзување на Белград со Скопје со брз воз.

-Ми претставува огромно задоволство што денешната работна посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ освен што го отслика нивото на одличните билатерални односи меѓу македонската и српската држава беше и одлична прилика за дефинирање на следните заеднички чекори  и активности. Во фокус на разговорите беше можноста за претставување и учество на македонското стопанство при реализацијата на ЕКСПО 2027 година, како и иницијативата за одржување меѓувладини седници меѓу македонската и српската Влада, кои би требало да трасираат нови можности за подобрување на билатералната соработка, како и можности за заедничка соработка со трети пазари. Со премиерот Вучевиќ зборувавме и за интензивирање и унапредување на активностите поврзани со процесот Опен Балкан.  Согласни сме дека со интензивирање на економската соработка придонесуваме за регионален мир и стабилност. Во рамки на оваа работна средба која воедно е и подготовка за посетата на претседателот на Владата на Република Србија Вучевиќ на покана од претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски, планирана за крајот на септември, предвидени се уште неколку работни состаноци кои верувам дека ќе бидат исто толку продуктивни колку и денешнате средби и, пред сѐ, ќе придонесат за продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји, изјави вицепремиерот Стоилковиќ на прес-конференцијата.

Тој се осврна и на темата за изграда на Коридорот 10 меѓу Белград и Скопје.

-Бидејќи тендерот во македонските железници се завршува во текот на оваа недела, ќе можеме да го реализираме она што го ветивме, а тоа е конечно локомотивите да почнат да сообраќаат и да може Коридорот 10 да функционира. Овој коридор во македонски железници подолго врме е во лоша состојба, но новата влада и министерот Николовски посветуваат повеќе внимание за овој коридор од останатите коридори и Мaкeдонија има намера да се приклучи кон изградба на брзата пруга, период кој ќе трае наредните 5- 6 години, да се поврзе Солун преку Скопје и Ниш, Белград, Будимпешта и Австрија, рече Стоилковиќ.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *