Новите власти, на чело со премиерот осмислија цел политички јазик со кој се обидуваат искажаните вистина во предизборието, сега, пост изборно, да ни ги претстават како излишни – наратив кој понатаму сигурно ќе премине во обид сегашната реалност и национална бездна да ни ја сервира како достојна за почит!
Преспанскиот договор бил „реалност“! Е зошто се избрание де вие, зошто добивте мандат? Да ја перпетуирате таа реалност или на ја промените?!
Па демек важна била економијата а не името на државата, и они ќе се занимавале со економија. Ај да расчистиме нешто, името на државата, односно Преспанскиот договор ите како е поврзан со нашата економија (читај сиромаштија).
Што ќе се случи доколку го анулираме Преспанскиот договор? Ќе излеземе од НАТО, ќе престане ММФ да не трупа со долгови и да ни наметнува нео-либерални реформи и приватизација, ќе ги укинеме санкциите према Руската Федерација и ќе може да соработуваме со Народна Република Кина.
Нема да се задржам многу на ММФ, Санкциите према Русија и соработката со Кина, само ќе споменам дека развојните банки на БРИКС даваат многу по-поволни кредити и не бараат политички услови кои длабоко го нарушуваат суверенитетот на Републиката. Од Санкциите према РФ имаат штета само нашите земјноделци, винариите и културните работници и институции, како и наши студенти кои студираат во Русија, и секако целокупната наша економија поради одбивање на рускиот гас кој е 10 пати поефтин од оној кој го набавуваме преку нашиот „пријател“ јужниот сосед. А за можностите но Кина, од трговија до наука и инфраструктура и не треба многу да се зборува, тоа веќе секому му е јасно.
Да видиме што економија „добиваме од НАТО“:
– Македонија е една од 18-те земји членки кои од годинава (2024) го исполнуваат барањето на НАТО за одвојување на 2% од БДП за одбрана. Според МО, од 2024 година се издвојуваат 2,05 проценти од македонскиот бруто-домашен производ (БДП) или 327 милиони евра за одбранбениот буџет на земјата.
– Повеќе од една третина од буџетот (34,2%) за одбрана е наменет за модернизација и опремување на Армијата, што е всушност е само еуфемизам за субвенционирање на америчкиот воено-индустриски комплекс со народни пари. Тоа значи дека во 2023 година, за оружје и друга воена опрема, биле потрошени 111,834,000 евра.
– Во март 2024 година, на МО од САД им била одобрена нарачка во вредност од $111 million, за воени возила и друга опрема. До крајот на годината оваа сума сигурно ќе се зголеми.
– За споредба, македонскиот буџет за одбрана за 2023 година изнесуваше 274,6 милиони евра (1,85% од БДП), кој пак беше за 24,45 проценти поголем од буџетот за одбрана во 2022 година кога изнесувал 1,57 % од БДП.
ЗАКЛУЧОК: Буџетот за одбрана секоја наредна година се зголемува како трошок за членството во НАТО!
Додека пак со последниве случувања во Украина членството во НАТО има и сериозни безбедносни импликации по нашиот народ. Имено, одлуките на нашето раководство не прават активен учесник и мета во иден конфликт, и директно ги загрозуваат нашите војници. Впрочем, оружјето кое со свои пари го купуваме од Западот потоа го подаруваме и во корист воени походи со други народи, а во иднина можеби ќе не приморат и самите да се бориме за нив во војните кои ги водат ѓирум светот и тоа со оружјето кое сме го купиле од нив.






