Македонија Новости Топ Вести

Панова: На власта ѝ е јасно дека двотретинско мнозинство за Уставни измени под овие услови нема и нема да има

Како поминуваат деновите после лидерската средба, толку власта станува понервозна, а нивните изјави стануваат се поапсурдни. Веќе им е јасно дека двотретинско мнозинство за Уставни измени под овие услови и под бугарски диктат немаат и нема да го имаат. Но сега се обидуваат да сеат магла, да купуваат некој ден повеќе и да ја замајуваат и домашната јавност и меѓународните претставници, вели Ели Панова, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вицепремиерот за европски прашања Мариќиќ најави дека иницијативата за уставни измени ќе се нашла пред пратениците за неколку недели.

Ние го охрабруваме да не губи недели, туку уште утре да го донесе предлогот во македонскиот парламент, да го стават на гласање и да се види како ќе му поминат измените кои на сила сака да ги направи.
Чуму тој театар кој ќе трае со недели? Доколку нема да поминат, тогаш во интерес на Македонија и на граѓаните е час поскоро да се оди на избори.

Целиот ќорсокак во кој се наоѓа Македонија е резултат на катастрофалната политика и апсурдните чекори кои ги водеше оваа власт на ДУИ и СДС.

Тие наместо да се свестат и да ја прифатат подадената рака, продолжуваат со деструктивната и нелогична политика. Па така слушаме изјави од владини функционери од типот “Уставните измени се прифатени, а предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се неприфатливи“.

Епа и Маричиќ и Ковачевски и СДС треба да знаат дека такви манипулативни и апсурдни изјави не поминуваат во јавноста.

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е концизна. Дадени се два предлози и доколку СДС и Ковачевски не ги прифатат, нема никаква поддршка бидејќи овие предлози овозможуваат и евроинтеграции и заштита на македонскиот вековен идентитет и јазик.
Ковачевски и Маричиќ наместо времето да го губат во тоа кој повеќе ќе ја манипулира и ќе ја замајува јавноста, попаметно ќе им беше да дадеа конкретен одговор кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за нив и на тој начин да застанат зад националните и зад државните интереси, додава Панова.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *