Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април лани е намален за 2,2 проценти, а во однос на март годинава за 15,1 проценти.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 5,5 проценти во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2023 година, во однос на април 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,8 проценти, а опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 27,2 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 13,9 проценти.