Македонија Новости Топ Вести

ЕВТИНАТА ТАРИФА ЗА СТРУЈАТА ВО НОЕМВРИ

Дневната евтина тарифа ќе се воведе кон крајот на 11ти месец оваа година. Се прават сите напори за да се испочитува овој рок.. Ова го вели првиот човек на РКЕ Марко Бислимовски.  Исто така тој вели дека погрешно се добило впечаток дека оваа тарифа ќе се врати на 1 јули годинава, додавајќи дека компанијата ЕВН Хоум поради технички причини барала рок за враќање на оваа тарифа од девет месеци до една година.

„Ние гледаме некаде да го фатиме периодот кога почнуваат зголемени трошоци на граѓаните, тоа е некаде реално во Македонија, грејна сезона кај домаќинствата кои што се греат на струја, зголемена потрошувачка со овие податоци што ги имаме е кон крајот на ноември“, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски

Тој додаде дека не е точно тврдењето дека за укинувањето на дневната тарифа требало неколку дена, туку дека тоа бил повеќе месечен процес. Затоа вели и дека сега не може да се воведе веднаш дневната евтина тарифа и е потребен период од неколку месеци. Дополнително зошто не може брзо воведување на оваа тарифа е потребата од промена на билинг системот на ЕВН Хоум каде се изготвуваат сметките за граѓаните, при што ова го изведува надворешна компанија и затоа е потребно подолго време. Дополнително, Бислимовски вели и дека откако кај сите домаќинства ќе се наштелуваат броилата за евтина дневна тарифа, таа ќе се воведе, бидејќи не е фер едни граѓани да имаат ваква поволност, а други не.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *