Претседателот на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Пештани, Александар Толоманоски, е фатен со кокаин од МВР во еден угостителски објект во Охрид, а партијата го разреши од функцијата, а многу брзо, како што најавија, и ќе го исклучат.
СДСМ на прес-конференција обвини дека лице блиско до Христијан Мицкоски и градоначалникот Кирил Пецаков било фатено како употребува кокаин во угостителски објект. Партијата публикуваше и фотографии на Мицкоски со Толоманоски.
„Толоманоски по пријавата е разрешен, СДС наместо двојни стандарди да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања. Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работи ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос“, се вели во соопштението до медиумите од ВМРО ДПМНЕ.