Македонија Новости Став Топ Вести

Четиригодишнината од членството во НАТО, прославена во „Тесен круг“


Собранието подготвува Декларација за одбележување на четиригодишнината од зачленувањето на земјава во НАТО. По овој повод претседателот на Собранието Јован митрески организираше средба во Клубот на пратениците на која присуствувале тројца поранешни премиери и поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.

– Четири години од нашето зачленување во НАТО, се покажа дека сме донеле храбри и мудри одлуки во интерес на безбедна и просперитетна иднина за нашите граѓани. Со тројцата поранешни премиери и поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, која го развиори нашето знаме во седиштето на НАТО, но и со поранешни пратеници, амбасадори, носители на високи државни функции, разговаравме за придонесот што секој од нас поединечно го дал во овој процес и за патот што го изодевме за да имаме денеска безбедна држава, особено во услови на воена агресија недалеку од нас, објави Митрески на Фејсбук.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *