Македонија Новости Став Топ Вести

Стојанче рамнодушен за одлуката на Џафери


Како премиер (Талат Џафери) има право да предлага именување и разрешување на функционери кои ги именува Владата. Конечната одлука ја носи Владата со мнозинството министри што само по себе значи дека, за да биде прифатен предлогот на премиерот за мое разрешување, поддршка треба да дадат министрите, вклучително и вицепремиерите од СДСМ. Во спротивно ќе нема мнозинство за мое разрешување, вели директорот на ЦУК и претседател на Достоинство, Стојанче Ангелов по најавите на техничкиот премиер дека ќе биде разрешен од директорската функција.

Вели дека за својата одлука сам да ја напушти функцијата, најпрво се обратил до генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, а потоа и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

-Двајцата се изразија позитивно за мојата професионалност како директор на ЦУК и сугерираа дека во овој чувствителен период за државата треба да останам на чело на оваа значајна институција без разлика на политичката одлука на Достоинство за напуштање на владината коалиција. Нивниот коректен став го објавив јавно пред неколку дена на прес-конференцијата на која ја известивме јавноста дека излегуваме од коалицијата предводена од СДСМ. Отттука сметам дека мојата средба со премиерот Талат Џафери, со кого од поодамна имам коректна комуникација, барем на оваа тема е излишна, бидејки, повторувам, Достоинство јавно објави дека излегува од коалицијата предводена од СДСМ, објави Ангелов.

-Како директор на ЦУК мој приоритет секогаш била, е, и ќе биде, безбедноста на граѓаните поради што максимално посветено и професионално ја извршувам оваа одговорна функција. Доколку Владата се согласи со предлогот на премиерот Талат Џафери и смета дека треба да бидам разрешен јас без противење ќе ја прифатам нејзината одлука, додава првиот човек на ЦУК.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *