Забранета љубов… мој свесно купен грев… Најскап од сите гревови….
Сета казната за нас моја нека биде,
само еднаш да потонам во тие очи…
Еднаш да ја почувствувам таа душа, да ги допрам тие раце, да дишам во заеднички здив…да се претопам во тоа срце…
Моето да ми потскокнува како зајаче, додека тагата одмора и за прв пат ме заборавила…
Да ги гледаме ѕвездите и да мечтаеме дека ќе ги допреме сите, наши дека ќе бидат…
Ќе биде лага…проклета измама…но ќе биде
средба на две тажни души, на две повредени срца…
Ќе има шеќер спомени…ќе ме греат и ќе ми ја сладат целата внатрешност, ќе цветам… иако никогаш повеќе нема да го украдам тој поглед…
Дозволи да се лажам себе си, да ти се радувам без повторување…
Дозволи да бидеш моја горка вистина, мој најсладок отров, само еднаш дозволи да сонувам и да бидеме илузија…една ноќ ќе живеам…