Отворената најава за соработка на Арбен Таравари со ДУИ на Али Ахмети за локалните избори речиси е извесно дека Алијансата за Албанците ќе ја чини напуштање на Владата на Христијан Мицкоски по 1 Мај, за кога се очекува очи в очи средба меѓу премиерот и министерот за здравство, вели за „Слободен печат“ висок владин функционер. Расте и притисокот на лидерите на Вреди, Изет Меџити и Билал Касами, дека Мицкоски треба да му се заблагодари на Таравари за учеството во Владата токму поради соработката на лидерот на Алијансата со лидерот на ДУИ или, како што тие веќе порачаа, дека Таравари не може да седи на два стола – да биде во Владата и да соработува со Ахмети.
Откако Вреди ја „самоисклучи“ Алијансата од коалицијата, по средбата по 1 Мај ќе биде појасно дали и Мицкоски ќе го „самоисклучи“ Таравари од Владата.