Бугарски пасоши за претседателот и секретарот на затворениот КЦ „Иван Михајлов“ во Битола
19.05.2023 / 9:41
Претседателот и секретарот на затворениот бугарски културен центар „Иван Михајлов“ од Битола ќе добијат бугарско државјанство. На Љупчо Георгиевски и Благоја Шаторов бугарските пасоши ќе им ги врачи претседателот Румен Радев на свечена церемонија во неговата резиденција, соопшти БНР.
Указите за добивање бугарско државјанство, врз основа на нивното бугарско потекло, ги потпишала потпретседателката Илијана Јотова.
Минатата недела бугарско државјанство доби и секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, Христијан Пендиков.