Македонија Новости Топ Вести

Заев го брани Кочо

„Како премиер, ми беше чест што имав таков соработник кому економијата и државата му беа секогаш на прво место“, вели Заев во писмото до јавноста


Поранешниот премиер Зоран Заев денеска во обраќање до јавноста застана во одбрана на вицепремиерот од владата која ја водеше, Кочо Анѓушев, откако тој беше ставен на црната листа на САД и му е оневозможено патување во Америка.

„Кочо Анѓушев и неговиот тим беа едни од најпосветените и најспособни луѓе и кабинет во Владата во периодот додека бев јас премиер. Голем дел од економските успеси на Владата беа директна заслуга на Анѓушев“, вели Заев во писмото до јавноста.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *