Македонија Новости Став Топ Вести

Балансерот „замрзнат“ додека не пресечат уставните судии

Уставниот суд денеска на седница ја прифати иницијативата на Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, која поведе постапка за укинување на „балансерот“ односно алатката за вработување во јавниот сектор според етничката припадност. 

Портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска изјави дека Судот по неколкучасовна расправа поведе постапка за одредби од законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор, односно одредби од акти кои беа оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција. 

„На гласањето е донесена и времена мерка за овој предмет што значи дека се запира извршувањето на актите и дејствата кои што произлегуваат од оспорените одредби и дека не треба да има промени во овој случај сѐ додека судот не донесе конечна одлука“, рече Беловска.

Судот ги оцени наводите на Комисијата како основани, но и ги прошири сомнежите за неуставноиста и незаконитост и за други одредби и по сопствена иницијатива поведе постапка за одредби од истите закони но и за поднзаконски акти кои произлегуваат од нив, рече Беловска. 

Уставниот суд денеска на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. Сепак, и на расправата, дојде до израз етничката поделба. Судиите од етничките заедници, Осман Кадриу, Фатмир Скендер и Насер Ајдари, беа за отфрлање на иницијативата, односно, беа против воопшто да се разговара за неа.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *