Молбата помина, нова седница немаме закажано, па конечната одлука треба да ја донесе лично претседателот Стево Пендаровски – соопштија од Комисијата за помилување.
Името на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева се наоѓа на списокот со осуденици кои чекаат да бидат помилувани од страна на претседателот Стево Пендаровски.
Јанева е осудена на 7-годишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба и овластување како специјална јавна обвинителка во аферата „Рекет“.
Сега таа работи како библиотекарка во библиотеката на затворот „Идризово“ и ги користи другите поволности коишто ѝ ги овозможува затворскиот систем.