ПОСЛЕДНА ВЕСТ : Пендаровски го одби барањето за помилување на Катица Јанева
Не е прифатено ниту барањето за помилување на експретседателот на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски и бизнисменот Сеад Кочан. Претседателот Стево Пендаровски треба да ги потпише решенијата.
РЕКЛАМА
Шефицата на поранешното Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, експретседателот на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски и бизнисменот Сеад Кочан остануваат во затвор, откако претседателот Стево Пендаровски ги одби нивните барања за помилување. Решенијата се очекува да бидат потпишани деновиве, со што засега паѓаат во вода обидите на тројцата осуденици да ги скратат затворските казни.
Барањата изминатиов период ги поминале сите законски филтри во рамките на затворскиот систем, по што изминативе недели биле разгледувани и од страна на Комисијата за помилување на Претседателот, која што е советодавно тело. Таа листа со предлози ја доставува до Претседателот, којшто го има конечниот збор. Од Кабинетот на Претседателот велат дека и Комисијата дала негативно мислење за барањата за помилување. Покрај овие три звучни имиња, намалување на затворските казни побарале и десетици други осуденици. Од Кабинетот на претседателот за ДВ велат дека над стотина барања пристигнале на адресата на Вилата на Водно.