Македонија Новости Став Топ Вести

Османи: Амбасадорката беше повикана во бугарското МНР


Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва изјави дека македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси била повикана во бугарското МНР во врска со најновата реакција на Бугарија, поради договор потпишан од 1999 година од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во 1999 година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има потпишано изјава со премиерот на Бугарија, Костов и во еден член во изјавата стои дека Северна Македонија нема да се меша во внатрешните прашања на Бугарија по однос на малцинските права. Не ја бранам позицијата на Бугарија, ви кажувам што и кажале на амбасадорката по однос на тоа прашање. Тие се повикуваат на изјавата од 99-та година, рече Османи во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *