Македонија Новости Став Топ Вести

Димитриевски: Креирањето неосновани кривични пријави е веќе видено сценарио


Претседателот на движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“ и кандидат за претседател Максим Димитриевски ја обвини власта дека го злоупотребува правниот систем за, како што вели, да креира неосновани кривични пријави за наводна злоупотреба на службена положба и овластување од него како актуелен градоначалник на Општина Куманово со цел како кандидат на претстојните претседателски избори да го дискредитира и девалвира во очите на јавноста.

Димитриевски, денеска на прес конференција, порача дека станува збор за веќе видено сценарио на креирањето неосновани случаи пред избори и појасни дека се работи за предмет пред ОЈО Куманово, каде еден од подносителите на кривичната пријава е потврден финансиер на една од актуелните партии на власт, кој што има личен интерес да изгради станбен објект со 11 ката, на локација за која има известување од две институции дека им е загрозен јавниот интерес на Здравствен дом Куманово и гимназијата „Гоце Делчев“.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *