Македонија Новости Топ Вести

МОСТОТ КАЈ СКОПСКА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ДОДЕКА НЕ СЕ САНИРА

Во моментов екипи на Град Скопје заедно со професори од Градежниот факултет вршат увид на мостот и додека се добијат целосни информации за штетата тој ќе биде затворен за пешаци и автомобили.

Мостот „Беласица“ од скопската Железничка станица до ТЦ „Ист гејт“ е затворен целосно и ќе биде пуштен откако Град Скопје ќе ја утврди состојбата во која се наоѓа, кажа денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Во моментов, екипи на Град Скопје заедно со професори од Градежниот факултет вршат увид на мостот и додека се добијат целосни информации за штетата тој ќе биде затворен за пешаци и автомобили.

„Да не ризикуваме, бидејќи самиот мост има голема тежина и ќе остане затворен сè додека Град Скопје не добие информација дека може да биде отворен. Но, верувам тоа ќе биде после санацијата, доколку воопшто санација е можна“, кажа Ангелов.

Мостот кој е под надлежност на Град Скопје се запали синоќа околу полноќ. Во пожарот, како што кажа Ангелов, температурата која се развила од обвивката на цевководите надминувала 1.000 целзиусови степени и поради тоа дошло до пукање на заштитниот бетон со кој е намачкан мостот од долната страна, а постои и опасност за штета на самата арматура на мостот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *