Култура Македонија Новости Став Топ Вести

„Американска приказна“ – концерт на оркестарот ФАМЕ’С со виолинистката Ирина Мурешану


 Во рамки на фестивалот  „Скопско лето“, вечер од 20:30 часот во Сули ан концерт ќе одржи ФАМЕ’С Институт оркестарот насловен „Американска приказна“ на кој солистка ќе биде американската виолинистка со романско потекло Ирина Мурешану. Ќе бидат изведени популарни класични дела од американски композитори под водство на диригентот Скот Флавин од САД.

Како што најави организаторот на фестивалот, Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС), меѓу делата кои ќе бидат изведени на концертот се и  „West Side Story“ од Бернштајн, во верзија за виолина и оркестар, и „Appalachian Spring“ од Копланд, како и популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манцини.

-Овој концерт ќе биде заокружување на летната сесија на оркестарските курсеви во рамките на ФАМЕ’С  – европски окрестарски изведувачки институт кој претставува музички образовен центар создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С  која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Институтот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Паневропски културни ентитети, соопшти ДКУС. 

Диригентот Скот Флавин е музичар со сестрана кариера и диригира со различни оркестри во САД и ЕУ. Неодамна е назначен за постојан диригент за престижниот оркестар Symphony of the Americas. Тој е и постојан диригент на орекстарот на Хенри Манцини институтот и настапува со повеќе уметници. Професор е на Eastern Music Festival, каде што предава заедно со познатиот диригент Џерард Шварц.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *