Спасовски и Бубевски на прес-конференција ќе изнесат детали за двојното убиство
Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, ја дигна јавноста на нозе. Се бараат одговори од надлежните околу овој случај.
Повеќе информации се очекува да бидат објавени денеска на прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Гаврил Бубевски. Прес-конференцијата треба да се одржи во 9:30 часот.






