Порано с’е траеше.
Машината за перење траеше откога беше купена до смртта на мојата мајка.
Правосмукалките не самошто траеа, туку и” креваа теписи” за разлика од овие денешниве” модернизирани”.
Фрижидерите исто…
Сега, ако сте приметиле, на волшебен начин почнуваат да се расипуваат баш кога ќе им истече гаранцијата.
Исто така, порано, ако си припомнувате, и браковите траеа.
Оти денес, штом мало делче од бракот се расипе веднаш се вика мајстор( или ај да бидеме родово коректни , мајсторица) да го дораштрафи бракот, оти кој ќе трпи сеа одговорност со објаснувања, покајанија, па тоа ќе им биде траума на сопружниците, децата кој ги врти и така они веќе не не вртат нас (заради нашето ” испуштање од раце”, ама пак и тоа е одговорност, а ние одговорности не сакаме нели?)
И на браковите кога ќе им истече гаранцијата(ако се од љубов земени, пет години максимум) им истекува гаранцијата.Како кај мене во аптека апарат за притисок.После треба да се трудиме, да трпиме. А дали љубовта е да трпиш некого? Зошто би трпеле некого кога наједноставно е или да се разведете или да си најдете швалер/ка. (Да бидам модерна па да речам” со тоа ќе си го ” освежам бракот”) Досадно ми е бре! Сакам кај некого да си го билдам егото.Да се осетам жив/а.
“У Вашем оку гори неки плам,
Опасан плам.
У Вашем оку блиста нека страст,
О, туџе воче, ти си она права сласт.
Ја видим све што не види ваш муж,
Офарбан прамен или неки нови руж.
И живот мој без Вас би био јад
Нико ме није схватио до сад
И неко може речи да сам прави гад….
“Ма баш сте прави враг”Али кад падне мрак угрози чу вам брак
Ваш супруг драги хрче на сав глас,
О, баш је прост.Мислите то?
Ваш супруг хрче у тај ситни час,
Кад тако чезнем да сам пиред Вас!”-
-Ќе каже покојни Балашевиќ во една негова песна.
Љубовта ќе си ја освежите со тоашто ќе имате грижа на совест, (некои пак ни тоа го немаат) ама па барем тоа нема да биде устоена бара, која сами сте си ја направиле, туку бре брале, те дрмнало нешто, жив си! И за швалерката ќе се избањаш, дотераш, платиш, а жена ти и онака знае дека и прдиш под јорган.
Она што не трае е гадно.Почнува да се смирисува.Црвливо месо.
Зошто нашите дедовци и баби заљубувајќи се, или уште повеќе, на невидено, нивните родители ги ветиле од мали, цветале?
Оти знаеле дека Љубовта е жртва, а не празнење ко свиња врз” некоја си таму” !
Сега највеќе траат:
– миленичињата, облечени во зима во џемперчиња,
-интересите и
-билдањето на егата.
Нешто труд околу ” љубовта на мојот живот”? М?
Ме мрзи и не ми е интересна, а и јас не сум и.
Запалете ја повторно искрата која ве споила!( Ова не важи за брак од интерес, поради тоашто кога едниот ќе остане шунтав од било какви причини, другиот ладнокрвно го остава)
Во една прилика го прашав мојот женет пријател внимателно гледајќи му ја реакцијата:
” Што ќе биде ако жена ти во собраќајка ги изгуби двете нозе, или раце, или остане засегокаш инвалид? Или поради канцер и ги отсечат градите?”
Не можете да ја замислите таа фаца.
Па и реакција:
– Прекини, прекини, прекини!
-Не ја сакаш пиле!Немаш капацитет.
И така се изнадрдљав за она- И ВО ДОБРО И ВО ЗЛО” што си го ветивте пред Бога кога се венчававте.
А сега, ќе ве оставам да ставите прст на чело и да размислите.Колкав ви е капацитетот на Љубов? Дали сте луѓе или само свињи кои глумеле луѓе тогаш кога се заветивте пред Бога во Црква?
Ништо нема да остане неоткриено!
Тоа им е на швалерите најважно.
Но и едно сантиметарче од брод да пробушите(трета енергија)- бродот ќе пропадне.
Размислете верни жени/ мажи сеедно.
П.С. Кршите Божја Заповед!