Kолумни Македонија Новости Став Топ Вести

НЕПОДНОСЛИВАТА ЛЕСНОТИЈА НА ИСЧЕЗНУВАЊЕ

Пишува Александар Сашко Кукулев

Не верувам дека на светот постои друг народ што со толкава леснотија самиот исчезнува пред своите очи, без никаква грижа на совест, потреба за  било каква рeакција, без ниту една загрижена фацијална експресија…без да заигра и најмало мускулче на лицето, кое од ден во ден исчезнува до непрепознатливост.

 Додека дома ни умираат новородените бебиња и децата на кои нашиот “здравствен систем” своевремено преку билборди им ветуваше “Европско здравство”, потпораснатите и возрасните македонци исчезнуваат безболно, сигурно и во реално време. 

Тоа што дома својот процес на самоуништување го започнавме со брусење на шахти, откажување од историјата на дедовците, и вметнување на три црти како  симбол на новонационалната свест, продолжува со  корнење на гласните жици и брусење на плочките со наши имиња и презимиња од вратите на домиовите во кои живееме.

Ние единствени на светот прифативме да постоиме само до граничните премини на земјата што некогаш беше наша. 

Јазикот што го говориме стана категорија за станбена употреба, а нашата илјадници години создавана култура и идентитет, ги претворивме во тажна гротеска со која се заебаваат белосветските парламенти и подземниот европски политички џган.

Си дозволивме написмено (да му се исуши рачето на тој што ќе потпише промена на името – Димитар Димитров) да се откажеме од своите малцинства во другите држави и да се претвориме во тешко малцинство во својата земја. Секое ново изгрејсонце го гледааме низ јамката на нашата идентитетската бесилка, на која со радост и ентузијазам сами и со насмевка се качуваме, па дури и самите си го тргаме столчето,додека со крајче од окото гледаме дали присутната публика е задоволна. Своите посмртни плакати ги печатиме повеќејазично, почитувајќи ги законите за рамноправност, со кои исчезнуваме порамноправно од другите. Национални малцинства немаме, затоа што сами по себе се трансформиравме во национални малцинства  во сопствените дворови, улици и маала. Министерот за надворешни работи, како попарен со првиот авион летнувва до “Пиргов” во Софија ако случајно двајџа нарко дилери си скршат вилица во меѓусебна тепачка. Со наши пари скокнува до Шпанија да ја потсети дека би било убаво да го признае Косово и на дневна основа  мудрува по прашањето на Резолуцијара 1244 на Обединетите нации. 

Истовремено, молчи кога националистичките џукели од исток, мочаат по стаклото на македонскиор културен клуб Вапцаров во Ќустендил, кога во С’ботско  среде бел ден нашите најголеми поддржувачи на патот кон ЕУ го удираат од земја старецот Никодим Царкњас и во наше име проголтува тешки кнедли кога пријателите од меџународната не ословуваат како Мелмаќани – жители на планетата Мелмак.

Деновиве во Буљкес Србија се одржа манифестација “Грци у равници” во организација на грчкото министерство за надворешни работи и локалните власти од овој град. На таа манифестација меѓу другито, беше поместена и изложба на слики, за животот на Грците во овој град од 1948 година, за време на граѓанската војна во Грција. Тивко, неприметно, суптилно, подмолно, грчки …

Нашиот јужен сосед полека ја менува тактиката и си го присвојува и тој дел од до скоро забранетото поглавје на својата историја., знаејќи го фактот дека во тие неколку села од војводинската рамница по граѓанската војна во Грција останаа 98 проценти македонци и помалку од 2 проценти грци.

Не дека негодувам или осудувам било чија постапка. Водењето на политика е вештина на заштита и унапредување на интересите на една земја во однос на било која друга страна, алијанса, сојуз, организација…

Само констатирам факичка состојба и гласно се прашувам : Каде ќе ни беше крајот, ако не ни е толку близу.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *