Фотографот Виктор Соколовски ќе ѝ се претстави на публиката со деветтата самостојна изложба на фотографии, од 25 април до 4 мај, во салата Империјал 2, во Културно-информативниот центар. На оваа изложба се претставува со серија портретни фотографии од концерти.
Соколовски е пасиониран љубител на музиката и фотограф што со децении фотографира на „Скопскиот џез-фестивал“, „ОФФест“ и на слични музички и културни манифестации во земјава и регионот. Станува збор за огромен број фотографии – најчесто портрети на музичари, напревени за време на концертите на кои присуствувал како гледач, но и како фотограф дописник, за еден од најреномираните портали за култура во регионот – SEECULT од Белград.