Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети, рече дека партијата што ја претставува не се согласува да се зборува за „хрватскиот модел“ предложен од ВМРО за уставни измени. Но, Ахмети во емисијата 200 рече дека е добро што ВМРО-ДПМНЕ изразила волја да се согласи да преговара за уставни измени.
„Мислам дека најважниот момент беше кога ВМРО изрази подготвеност да зборува за промените. Не прифаќаме да разговараме за хрватскиот модел. Но, со самиот факт што (ВМРО) изрази подготвеност да стане дел од процесот, тогаш на преговарачка маса би биле поставени модели и можности. Дури и ВМРО е свесна за реалноста на државата“, рече Ахмети во емисијата 200.