Македонија Новости Став Топ Вести

Собранието ќе одржи три седници


Собранието денеска ќе одржи три седници, 109., 105. и 104., во чии рамки ќе бидат разгледани повеќе предлог-закони, извештаи и предлог-одлуки.

Пратениците на 109. седница ќе ги разгледаат Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Дополнетиот предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата, по скратена постапка, како и Предлогот на закон за јавни претпријатија и трговски друштва во сопственост или со учество на Република Северна Македонија, по скратена постапка.

На 105. седница, на која има неколку точки, пратениците од пратеничките групи во опозиција и пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група, по утврдувањето на дневниот ред, ќе поставуваат пратенички прашања.

Во рамки на 104. седница се Предлогот за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Предлогот на закон за соодветна и правична застапеност во прво читање и Предлогот на закон за изменување на Законот за судовите, по скратена постапка.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *