Македонија Новости Топ Вести

Мицкоски: Пензиите зголемени линеарно за 5.000 денари, пари за општините и измени кај данокот на добивка


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата на тема „Економски принципи“ која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ што е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, истакна дека доколку дојдат на власт ќе ги зголемат пензиите линеарно за 5.000 денари и ќе обезбедат 250 милиони евра годишно за општините за капитални инвестиции.

Мицкоски во своето обрќање ги стави во фокус пензионерите за кои рече дека заслужуваат линерано зголемување на пензиите.

Тој најави дека доколку дојдат на власт еден од прироитетите ќе бидат капиталните инвестиции.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 1 милијарда евра во четиригодишен мандат или 250 милиони годишно за општините за капитални инвестиции. Проектот кој ВМРО-ДПМНЕ има намера да го аплицира, тоа е проектот да обезбедиме 250 милиони евра годишно од централниот буџет за инвестиции капитални во општините за основни потреби, изјави тој.

Мицкоски истакна дека сега со моменталната Влада недостасувале водоводи, канализација, асфалт, училишта и градинки.

– Нашиот пристап ќе биде спротивен на нивниот, да интеграциите на Македонија во Европа, но приоритет се нашите граѓани. Тие се нашиот суверен, тие ни ја даваат довербата и ајде да видиме сега кои се нивните потреби и ние од централниот буџет да инвестираме да можат тие пари потоа да ги обезбедат основните потреби за нашите сограѓани, потенцираше Мицкоски.

Нагласи дека ќе инвестираат во секоја општина без разлика дали е водена од градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ или не.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека планира интервенција во данокот на добивка кој што ќе важи за сите компании, како за македонските така и за странските кои што своите профитни центри или седишта ќе ги донесат во државата.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *