Северна, еве ја живее 8 година, без никаков проблем. Дури се надградува со секој изминат ден.
Зошто?
Затоа што одРОДите и петтата колона се под управа на најорганизираниот планетарен систем, англосаконскиот интерес.
На тој систем не му е важно, нашите Референдуми, дали ќотек ќе јаде народот пред Собрание, дали 20 луѓе ќе бидат осудени на 200 години затвори, дали ќе убие 2 милиони народ,, дали ќе носиме закони со европски знаменца, итн.
Една Кина се потпира на Русија и Русија на Кина, Африка се потпира и на Русија и на Кина, само Македонецот ербап, сам!
Многу деформации имаме во менталната матрица, во добар дел поради немање на Учители, Даскали, кои гледаат и резонираат длабоко и суштински, локални и планетарно.
Гоце Делчев го имаше тој сенс. Тој велеше дека е прерано за кревање на востание. Но врховистите раководени од Германците од Софија, го кренаа востанието и го неутрализираа македонскиот револуционерен потенцијал, 10 години пред 1913, кога западните монархии ја черечеа Македонија.
Приучени партиски војници со купени дипломи ти го создаваат менталниот матрикс на Македонецот.
Се е дефектно!
УКИМ, МАНУ, средно, основно, партиски директори, новинари кои шират лага и конструкција, партии кои служат на туѓи центри а плата земаат од народот.
Спас од англосаконците, каде денес сериозно се зафатени Кина и Русија и 2/3 од човештвото, е само преку градење на поинаков монетарен, вредносен, суверенистички меѓународен систем.
Создавање на генератор на моќ, кој ќе го менува меѓународниот поредок.
И тоа се случува, да, да, веќе не е во најава!
Добар дел од менталната матрица на нашиот род има мозок нефункционален, кој за 30 години, 99,9% евроатланско влијание, НАТО и ЕУ, не може да извлече заклучоци, дали тоа е полезно по Македонија и Македонците.
Нема спас за таа единка, која е материјалистичка, избушена од идеологиите на ПАДнатиот заПАД
Во ред е, Африка е светлосни години пред нас во идеалот за враќање на слободата и откачување од англосаконскиот колонијален систем, тие пред нас ќе стигнат.
Во Јужна Африка во месец август, највероватно ќе се најави новата валута на Брикс или кошничка од валути.
Северна е најдолно ниво на функционирање на еден народ.
Јас не гледам жар, не гледам желба, да се промени тој статус, освен кај малцински групи.
Ние ќе го држиме оганчето, но смачено ми е од тие што дуваат во него!
Или бре ќе се префрлите во новиот свет, или ќе умрете во депонија.
Не постои иднина за народ кој не се бори за својата Слобода! пишува во својот фејсбук статус Зоран Јованчев Претседавач ма „Родина Македонија“.