Македонија Новости Став Топ Вести

Дурмиши: Младите треба да добијат вистинска шанса за прво вработување

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши учествуваше на форумот „NextGen CareerUp“, кој се одржа во Тетово, во организација на Институтот за лидерство и јавни политики (ILPP), со поддршка на Кралството Холандија.

Во рамки на форумот, министерот Дурмиши беше дел од панел-дискусијата „Премостување на јазот: од образование до вработување“, посветена на предизвиците со кои се соочуваат младите при влезот на пазарот на трудот, потребата од практични вештини и подобрата соработка меѓу образовните институции, компаниите и државните институции.

Во своето обраќање, министерот истакна дека создавањето квалитетни можности за младите е еден од приоритетите на Министерството за економија и труд, при што особено внимание се посветува на активните мерки за вработување, практикантството, претприемништвото и развојот на вештини што одговараат на реалните потреби на економијата.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *