Македонија Новости Топ Вести

Кој ќе ги става Бугарите во Уставот

Од она што можеше да се чуе како предлог на владата за експерти кои ќе бидат членови во работната група наменета за уставни измени доминира цврстиот впечаток дека овие лица најверојатно се експерти за се освен за Устав и уставно право.

Во самиот состав може да се забележи една константа на кадри кои гравитираат околу владејачката ДУИ од една страна, и резервната СДС од друга страна. Откако голем број на професори одбија да бидат дел од ова затоа што јасно кажаа дека не се согласуваат да бидат дел од група за која пред се нема конзензус и со самото тоа нема цел, имаме ваков разнолик состав, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, од Универзитетот „Кирил и Методиј“ професорката Ана Чупеска е професор по политички науки, а не правник. На листата е и професор по меѓународно право, Елена Михајлова. Буквално, нема ниту еден професор од Катедрата по уставно право на УКИМ, која во моментов има 7 професори.

Беса Арифи е професор по кривично право и сестра на поранешната градоначалничка на Тетово и висок функционер на ДУИ, Теута Арифи. Потоа професор Јагода Митревска, политиколог, која ги следела претежно изборите и партиските процеси, а во едно интервју нагласува дека имала директно искуство од набљудување на изборните кампањи во Руската Федерација, воедно политички активна била во Обединети за Македонија. Професор Марија Пандевска од Институтот за национална историја.

Колку власта немала избор покажува и враќањето од пензија на родители на партиски функционери и активисти, како што е примерот со Бранко Наумовски, татко на поранешниот градоначлник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски од редовите на СДС.

На листата експерти по мерка на СДС е и Сали Мурати, поранешен претседател на Уставниот суд, кој ги зголеми платите на судии и тогаш изјави дека ваков чекор е потребен под изговор дека судиите се гладни.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *