Само еден градоначалник и двајца почесни конзули ги понудиле своите службени возила за Министерскиот совет на ОБСЕ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека според проценките на неговите служби, можеби ќе се потрошат половина од средствата предвидени за изнајмување возила за претстојниот Министерскиот совет на ОБСЕ.
Како што информира Османи на брифинг со новинарите, досега само еден градоначалник и двајца почесни конзули ги понудиле своите службени возила.






