Македонија Новости Став Топ Вести

Шолц: Нова динамика во евроинтеграцијата на Западен Балкан, без попречувања од билатерални спорови


– Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека силно се залага за забрзување на процесот за влез на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но дека сите што се надеваат на членство во ЕУ мора да бидат свесни дека тоа не е геополитичка одлука, туку процес кој е поврзан со конкретни реформски чекори.

Тој појасни дека тоа се однесува на решавање на билатерални спорови кои претставуваат пречка, се вели во   трансриптот од прес-конференцијата на Шолц со словенечкиот премиер Роберт Голоб, објавен на веб-страницата на германскиот канцелар.

– Ова се однесува, на пример, на прашањето како да се внесе живост во процесот со Северна Македонија, а да не го попречуваат спорови меѓу земјите-членки. Тоа важи и за прашањето Србија-Косово, а секако и за прашањето како да се продолжи со Босна и Херцеговина, објасни Шолц.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *