Македонија Новости Став Топ Вести

Продолжува комисиската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, седници на уште две собраниски комисии

Во Собранието ќе заседаваат и Законодавно-правната, како и Комисијата за социјална политика, демографија и млади.

Комисијата за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за предлог-буџетот за 2027 година. Изминатите три дена на седницата владејачкото мнозинство и опозицијата изнесуваа различни ставови околу предвидените проекции на државната каса. За ВМРО-ДПМНЕ предлог-буџетот претставува продолжување на фискалната консолидација, одржување стабилност на јавните финансии, создавање услови за економски раст и реализација на развојни инвестиции, а за СДСМ – документ без визија, што не нуди отчетност, ниту развој.

Во Собранието ќе заседаваат и Законодавно-правната, како и Комисијата за социјална политика, демографија и млади.

Пред Законодавно-правната комисија се повеќе предлог-закони во второ читање: за престанување на важењето на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити, за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и за изменување и дополнување на Законот за семејството.

Комисијата за социјална политика, демографија и млади ќе ги разгледа предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и за изменување и дополнување на Законот за семејството, сите во второ читање. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *