Мицкоски во Вашингтон : Разговoри за значењето на стратешкото партнерство со САД
Премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи владината делегација во работната посета на САД, во Вашингтон остварил средби со конгресменката Клаудиа Тени и со конгресменот Кит Селф.
Остварена средба со конгресменката Клаудиа Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. На средбата разговаравме за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји – објави премиерот Мицкоски.
Мицкоски додава дека посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка.






