Македонија Новости Став Топ Вести

Муцунски ќе говори на панелот „Моќта да ја обликуваме иднината“ во рамки на 21. Бледски стратешки форум

-Во рамките на форумот, кој оваа година се одржува на тема „Моќта да ја обликуваме иднината“, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, во рамките на која ќе бидат разгледани геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи – наведуваат од МНРиНТ.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на 21. меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Словенија.

-Во рамките на форумот, кој оваа година се одржува на тема „Моќта да ја обликуваме иднината“, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, во рамките на која ќе бидат разгледани геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи – наведуваат од МНРиНТ.

Покрај учеството во официјалната програма, министерот Муцунски ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, на кој ќе се направи пресек на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан.

Од Министерството додаваат дека на маргините на настанот, предвидено е министерот Муцунски да оствари повеќе билатерални средби со колеги министри, како и со претставници на меѓународни организации, учесници и гости на форумот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *