Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница на чиј дневен ред се четири закони од областа на образованието и научноистражувачката дејност.
Пратениците на седницата треба да ги разгледаат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, Предлог-законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката – прво читање, како и Предлог законот за научноистражувачката дејност.
Во рамки на оваа седница треба да биде разгледан и Предлог законот за високото образование во прво читање.






