Македонија Новости Став Топ Вести

ВРЕДИ: Здравјето и безбедноста на гостиварци се апсолутен приоритет

ВРЕДИ соопшти дека со загриженост ја следи состојбата во Гостивар по зголемениот број граѓани кои побарале медицинска помош и по прогласувањето на епидемија.

Од партијата оценуваат дека во овој момент најважно е да се заштити здравјето на граѓаните, да се обезбеди безбедна вода за пиење и јавноста навремено и точно да биде информирана за сите понатамошни случувања.

Во соопштението наведуваат дека преку државните институции секојдневно се обезбедуваат 50.000 литри бесплатна вода за пиење за жителите на Гостивар. Според ВРЕДИ, водата ќе се дистрибуира на повеќе локации низ градот сѐ додека се во сила препораките и мерките на надлежните институции.

Партијата очекува лабораториските анализи да бидат објавени што е можно поскоро, а надлежните институции да ја продолжат истрагата до целосно утврдување на причините за настанатата состојба.

Од ВРЕДИ додаваат дека и понатаму ќе ја следат ситуацијата и ќе се ангажираат граѓаните да ја добијат потребната помош сѐ до целосната нормализација на состојбата.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *