Научна конференција „Триесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров“
Научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ“, ќе се одржу денес на Филозофскиот факултет во Скопје.
– И по три децении, едно од најтешките прашања од поновата македонска историја останува без одговор. Овој настан има цел да отвори јавна, аргументирана и научна дебата. Конференцијата има цел да ја продолжи дебатата за атентатот што ја потресе Македонија и остави трајни последици врз нејзиниот политички и безбедносен развој – информира инцијативниот одбор, во состав проф. д-р Цане Мојаноски, проф. д-р Гроздан Цветковски и проф. д-р Зоран Јовановски, полковник на АРМ.
Конференцијата би требало да одговори на четири клучни прашања: кои беа причините и мотивите за атентатот, кои се можните нарачатели и извршители, дали можеше и зошто не беше превениран атентатот и зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања.
На конференцијата најавено е учество на универзитетски професори, научници, експерти, меѓу кои и учесници од претходната конференција „15 години од атентатот врз претседателот Глигоров – мистерија или настан ад акта“, што се одржа во Скопје на 30 септември 2010 година.






