Македонија Новости Став Топ Вести

Aктивни се пет пожари, а 19 се изгаснати – и понатаму гори кај селото Николиќ, Дојранско

Противпожарните екипи и понатаму водат битка со пожарот кај селото Горњани во општина Чучер Сандево, како и со огнените стихии меѓу селата Џидимирци и Крушје во Велешко, на територијата на Македонски Брод, меѓу селата Црешево, Локвица, Крапа и Слатина и во населбата Три Багреми во општина Прилеп

Пет пожари и понатаму се активни на територијата на државата, се вели во извештајот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавен утрово.  

Според податоците на Управата до 7 часот утрово, сè уште е активен пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран каде повеќе од една недела гори нискостеблеста шума.  

Противпожарните екипи и понатаму водат битка со пожарот кај селото Горњани во општина Чучер Сандево, како и со огнените стихии меѓу селата Џидимирци и Крушје во Велешко, на територијата на Македонски Брод, меѓу селата Црешево, Локвица, Крапа и Слатина и во населбата Три Багреми во општина Прилеп.  

Во изминатото деноноќие, според ЦУК се изгаснати 19 пожари на повеќе локации на територијата на државата, меѓу кои дел и на териториите на скопските општини Гази Баба и Шуто Оризари, каде покрај ниска вегетација и нискостебелеста шума, горел е отпад на отворено.  

Изгаснати пожари во изминатите 24 часа има и во Прилеп, Ресен, Охрид, Виница, Куманово, Крива Паланка, Ранковце, Тетово и Гостивар.  

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасуавње (ДЗС), Стојанче Ангелов вчера изјави дека најзагрижувачки е пожарот кај селото Николиќ во Дојранско кој се одвива повеќе од една недела, а сериозни се огнените стихии во атарот на село Локвица во општина Македонски Брод и кај велешкото село Крушје, кој според Ангелов,се заканува да прерасне во голем пожар. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *