Македонија Новости Став Топ Вести

Венко Крстевски избран за в.д. градоначалник на Кочани


Независниот советник во Советот на општина Кочани, Венко Крстевски, е избран за в.д. градоначалник на општина Кочани во вториот круг на поединечно изјаснување на советниците, откако во првиот круг ниту двајцата кандидати не освоија мнозинство (10 или повеќе) од вкупниот број советници.

Во вториот круг, повеќе гласови освои Венко Крстевски со 9 гласови „За“, наспроти Гоце Марков кој освои 8 гласови „За“.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *