Култура Македонија Новости Став Топ Вести

Муцунски се надева на „консензус минус еден“ за преговорите со ЕУ


Македонската Влада ќе биде непоколеблива и крајно посветена на реформите што ги вети, знае дека тие не може да се спроведат преку ноќ и ќе биде потребно време, но нема да дозволи тоа да одземе бескрајно многу време, истакна попладнево министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето во бриселскиот Центар за европска политика (ЕПЦ) на тема „Проширувањето на ЕУ во новата ера: Перспективата на Северна Македонија“. 

– Ако некој заслужува модел во кој јасно ќе го знаеме нашиот пат и ќе се движиме напред, тоа е нашата земја. Многу често потсетувам со кого и да разговарам дека државата врз основа на ветувањата за европска иднина ги смени своето знаме, својата валута, го промени Уставот неколку пати, дури и го смени и своето името заради европските ветувања. Така што ако некој заслужува флексибилност во таа смисла, тоа е нашата земја, рече Муцунски. 

Тој нагласи дека Владата е целосно посветена на интеграција на земјата во ЕУ и ќе се ангажира со Брисел и со Бугарија да се изнајде рационално решение за деблокада на нашиот пристапен процес, со кое решение откако ќе ги спроведеме уставните измени, нема да бидеме блокирани и враќани назад и преговорите нема да бидат оптоварени со прашања поврзани со идентитетот, историјата, јазикот, национализмот или етничката припадност, туку конечно ќе ни биде дозволено да се движиме напред врз основа на принципот на заслуги. 

– Кога станува збор за политиката има еден многу важен принцип – ако има волја има и начин, истакна Муцунски, додавајќи дека неколку пати во изминатиов период ЕУ носеше одлуки по моделот „консензус минус еден“, па ако постои волја и посветеност може да се најде и решение. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *