Култура Македонија Новости Став Топ Вести

Легендарната Мирјана Карановиќ како Марлен Дитрих гостува во Филхармонија


Легендарната српска актерка Мирјана Карановиќ во улогата на контроверзната фaм фатал Марлен Дитрих ќе гостува на 3 март на сцената на Македонската филхармонија со претставата „Марлена“. Претставата е во продукција на Народно позориште Сараево, а режисер е Харис Пашовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа.

– Уметноста не може да биде удобна и сигурна. Ако си уметник, мораш да се изложуваш, да одиш подалеку од другите. Марлен Дитрих беше таков уметник. Таква е и оваа претстава – велат организаторите.

Организатор на гостувањето е „Авалон продукција“. Влезниците ќе можат да се купат од 5 февруари, понеделник на сите продажни места на онлајн на Тicketx.mk и во продажната мрежа на Тicketx низ Македонија.

Претставата „Марлен Дитрих – Пет точки од обвинението“ („Marlene Dietrich – Pet tačaka optužnice“) ја имаше својата меѓународна премиера на италијанскиот фестивал „Мителфест“.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *