Премиера на „Падот на Масада“ од Венко Андоновски во Драмски театар
Праизведба на „Падот на Масада“, според текст на Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски – последна премиера во Драмски театар Скопје за годинава, закажана за 28 декември во 20 часот
Вреди ли да се положи животот за некоја идеја или не. Ова вечно прашање е во сржта на претставата „Падот на Масада“ од нашиот реномиран писател Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, која што утре, на 28 декември во 20 часот премиерно ќе биде изведена во скопскиот Драмски театар. Андоновски вели дека денес е незамисливо тоа што го сториле Јудејците во Масада (кога меѓу 37 и 31 година п.н.е. кон крајот на првата Еврејско-Римска војна, завршила со масовно самоубиство на 960 луѓе, заб.), да се убијат за да не паднат во рацете на непријателот.
„Денес сме сведоци на суициди кои главно се индивидуални и испровоцирани од лични причини“, вели Андоновски додавајќи дека низ претставата се следи како полека „херојското“ во чинот на самоубиството се претвора во нешто сосема спротивно на херојското.
„Претставата фактички покажува дека човештвото назадува на секој план па дури и во сфаќањето на самоубиството“, вели тој.






