Македонија Новости Топ Вести

Џафери за УСБ на Николоски: Измислува измислува се и сешто !


Претседателот на Собранието Талат Џафери добил УСБ и документи со измени на Кривичниот законик, но не од поранешниот премиер Никола Груевски туку од предлагачот на законските измени, односно Владата. Џафери на редовниот брифинг со новинарите повтори дека нема зошто тој и Собранието како институција да добиваат документи од екс премиер.

-Овие изјави се нечија дневно-политичка потреба за да се избега од актуелните теми. Ќе измислува се и сешто само за да ја избегне реалната состојба, рече Џафери пред новинарите без да го именува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој го најави како „есклузивно“ откритие наводносо УСБ на кое како што тврди имало предлози за измени од Кривичниот законик што ги дал Груевски, а биле изгласани исти во Собранието.  

-Ова е инсинуација, чиста шпекулација дека сум добил документ од екс  премиерот. Ниту имам таква потреба, ниту е комуницирано со него. Измените на Кривичниот законик ги добив од Владата како предлагач, рече Џафери.

Тој додаде дека сите материјали од предлагачите во Собранието вообичаено ги добива на ваков начин.

-Не би сакал да користам неоодветни зборови иако заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираат со јавноста- порача Џафери.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *