Македонија Новости Став Топ Вести

Врв на самостојност и интегритет: САД, ЕУ и НАТО да даваат„сертификати“ кој може да биде функционер во Македонија


Министерот за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, Бујар Османи, како еден од столбовите на неговата програма за изборите, ќе предложи меѓународен брод кој же дава „сертификати“ кој може а кој не да биде јавен функционер во Македонија.

По големата идеја за Албанец претседател ова е втора ваква идеја од политичките лаборатории на ДУИ која се надоврзува по сѐ изгледа на неуспешниот предлог претходно за ветинг на судиите и функционерите.

Според она што го објави Османи на Фејсбук, предлогот е во тој меѓународен брод да бидат преставници на САД, ЕУ и НАТО и тие да помагаат во сертифицирање на сите носители на јавни функции, министри, директори и тоа во две насоки: безбедност (врски со руски елементи) и антикорупција. 

„Јавни функции ќе можат да извршуваат само оние кои ќе бидат сертифицирани!“, порача Османи во статусот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *