Македонија Новости Став Топ Вести

Тошковски најави „Уан стоп шоп“ на граничните премини со Србија, Косово и Албанија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави вистински „Уан стоп шоп“ на граничните премини со Србија, Косово и Албанија.

„Со години не функционира Уан стоп шоп на граничниот премин Табановце. Имав разговори со колегите од Косово и Србија, а ќе имам состанок и со министерот за внатрешни работи на Албанија. Сакаме да воведеме вистински Уан стоп систем. Сакаме нашите гранични премини да функционираат како граничните премини меѓу Албанија и Косово, односно еден полицаец да подигнува документација во рамки на контролата и во исто време да добиваат информации службите на двете држави и да дадат одобрение за излез или влез во државата. На таков начин ќе имаме вистински Уан стоп систем“, изјави Тошковски

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *